Skribble Windows forms project by: Filip Spasovski, Petar Petrov and Filip Skenderski.
1 . Опис на апликацијата
Играта претставува варијанта на познатата игра бесилка, со таа разлика што после одреден временски интервал се појавува сликата која играчот треба да ја погоди.
2 . Упатство за користење
По отварањето на апликацијата се појавуваат 3 опции : Start Game, High Score и Admin Login.
2 . 1 . Start Game
На почеток играчот мора да внесе име за да може да игра. Откако ќе внесе име, со кликнување на копчето Start автоматски ќе почнат да се појавуваат сликите кои играчот треба да ги погоди.
2 . 2 . High Scores
Во овој прозорец се прикажани сите играчи кои ја играле играта, сортирани според бројот на точно погодени слики.
2 . 3 . Admin Login
Функцијата на оваа форма е додавање на нови слики за погодување, но претходно мора да се логира посебен корисник (admin).
2 . 4 . Правила
Целта е играчот да ја погоди сликата на екранот во рок од 60 секунди. Целата игра трае 5 минути. Играта завршува кога играчот нема да успее да ја погоди сликата.
4 . Претставување на проблемот
4 . 1 . Алгоритми
Единствен проблем гледано од алгоритамска гледна точка беше претставувањето на сликата дел по дел. Како решение го искористивме Breadth-First-Search алгоритмот со тоа што слични пиксели (по боја) ни претставуваат еден јазел.
4 . 2 . Серијализација
Во апликацијата неопходно беше да се вклучи серијализација за зачувување на HighScores по гасење на играта. Поради тоа класата HighScoreTable е серијализирана.
4 . 3 . Threads
Користењето на посебен Thread допринесува да се исцртува сликата и истовремено да може да се погодува зборот.