Skip to content

MihailTrajkovski/FillPicc

Folders and files

NameName
Last commit message
Last commit date

Latest commit

 

History

18 Commits
 
 
 
 
 
 
 
 

Repository files navigation

Проектна задача по предметот Визуелно програмирање

Предметот на оваа проектна задача е да се создаде играта Fill Pic која претставува варијанта на познатата игра од 80те Qix. На почетокот се појавува мени, од кое корисникот може да одбере една од трите опции:
Play – започнува со игрa How to play – се отвара нов прозорец со инструкции за играта, во кој се објаснети сите правила, контроли и цели на играта Exit – се исклучува играта. При започнување со играта, на екранот се појавува прозорец со бела површина, 1 зелено топче кое е управувано од корисникот, и 2 црвени топчиња кои се движат самостојно.

Која е целта на играта и како се игра?

Целта е корисникот движејќи го зеленото топче да обои што е можно повеќе пиксели од рамката, без да дојде во контакт со црвените топчиња. Пикселите од сликата се прикажуваат на површината каде што зеленото топче ќе помине со почеток во црвената линија и крај во црвената линија. Со секој успешно отворен дел од сликата, се ажурира бројот на отворени пиксели. Победа во играта постигнува кога ќе се отворат доволниот број на пиксели, прикажан во горниот десен агол на прозорецот на играта. Крај на играта доаѓа кога зеленото топче, или пак патеката која ја поминува, ќе дојде во контакт со едно од непријателските (црвените) топчиња. Во случај корисникот да изгуби или пак да победи, се појавува нова форма во кое има мени од кое корисникот има можност да одбере дали сака да игра повторно, да се врати во главното мени, или да ја исклучи играта.

Кои се контролите?

Топчето се движи горе, доле, лево и десно со помош на стрелките од тастатурата.

Како изгледа кодот?

Кодот е составен од : Формите: Start форма во која е стартното мени, Form1 главната форма во која се состои имплементација на алгоритмот FloodFill кој служи за боење на сите пиксели кои имаат боја примена на аргументи се дур не се наиде на некој пиксел кој не е иста боја со аргументот исто така оваа форма прави: прецртување на топчињата, цртање на деловите од сликата кои се веќе нацртани, одредува од кај да почне FloodFill, проверува кога топчето ќе застане на црвена линија за да започне цртањето на сликата, има детекција на колизија за топчињата како и за противничките топчиња дали се судрени со деловите кои ги остава топчето, метод кој и прави resize на сликата со цел да не биде поголема од 800x600 и Textboxes кои кажуваат колку пиксели треба да се избојат и колку се избоени до сега. Instructions која ги прикажува инструкциите за играње, GameOver која прикажува дека сте изгубиле , Win форма која прикажува дека сте победиле и Класите: Ball која служи за цртање и движење на топчето и RecPart која содржи координати на деловите кои ги црта позади топчето.

Класата Ball која ја користиме за цртањето, движењето на топчето и обработува keyboard настани со цел да се движи топчето во насоките притиснати од тастатурата. Исто така во оваа класа го лимитираме движењето на топчето во рамките на играчкото поле со цел да се направи цртањето на сликата да биде само во склоп на играчкото поле.

Screenshots

prva treta cetvrta petta

Изработено од Михаил Трајковски 137004, Стефан Митревски 131005, Михаела Ораческа 131058

About

No description, website, or topics provided.

Resources

Stars

Watchers

Forks

Releases

No releases published

Packages

No packages published

Languages