Skip to content

vgichar/VPSeminarska

Folders and files

NameName
Last commit message
Last commit date

Latest commit

 

History

8 Commits
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Repository files navigation

Icy Bubble


Објаснување на проблемот:

Играта Icy Bubble е игра која спаѓа во групата на Аркадни игри. Играта се базира на сличен принцип како играта Icy Tower(http://icytoweronline.hzik.com/).
Целта на играта е да го натера играчот да постигне што повеќе поени. Поените се инкрементираат врз база на времето поминато во играње се додека не падне меурот надвор од екранот. Освоените поени претставуваат времето поминато играјќи во десетинки.

***

Кога се игра играта на екранот се забележуваат 5 различни елементи:

1) Меурот – кој е управуван од страна на играчот , и кој може да се движи : горе, доле, лево , десно со помош на стрелките up, down, left, right или копчињата “a” ”s” ”d” ”w” или “space” за скокање нагоре. Меурот треба да се качува нагоре за играчот да може да направи повеќе поени со тоа што ќе се одржи во живот.
2) Линиите - кои се генерирани случајно, на кои играчот треба да го качува меурот за да се одржи во играта. На секои 100 поени линиите се движат се побрзо и побрзо, се додека не се достигнат 1000 поени кога почнува да се одржува константа брзина на движење на линиите.
3) Две вертикални линии(ѕидови) кои го ограничуваат меурот да не се движи надвор од предвидениот простор за играње.
4) Hyper-Jump се користи за меурот да може да скокне на поголемо растојание, со поголема јачина. Hyper-Jump – вид на засилувач кој може да се користи само кога времето на регенерирање е завршено. Откако ќе се искористи се чека да се заврши регенерирањето и после тоа пак може да се користи. Контрола за користење на Hyper-Jump е “Х”.
5) Time-Lapse – команда која се користи да го забави движењето на линиите за краток период (5 секунди). Може било кога да се користи, но ако се искористи ќе мора да се чека половина секунда од претходното користење за да може повторно да се искористи. Time Lapse подеднакво брзо се полни колку што се троши.
6) Бодовите се наоѓаат во десниот горен агол на екранот и кажуваат колку поени се постигнати до тој момент. Бодовите се пресметуваат на начин на кој се зема времето поминато во играње во десетинки.

---

Опишување на решение на проблемот:

Во играта постојат 4 типа на објекти
• Главната форма каде што се рендерира целата игра
• Сцени кои што всушност означуваат различни екрани од апликацијата (пр. Menu, HighScores , Level)
• GameObjects – кои претставуваат објект како целина во играта
• Команди кои претставуваат повеќе различни функционалности на соодветен GameObject

Архитектурата е замислена да биде хиерархиски распределена, така што во главниот прозорец за рендерирање се сместени повеќе сцени каде што само една е активна, во секоја сцена има повеќе GameObjects кои што се рендерираат и секој GameObject има повеќе команди кои што претставуваат некоја функционалност на соодветниот GameObject.

Оваа архитектура е избрана за да се постигне модуларен начин на програмирање, односно да се овозможи надополнување на играта со нови функционалности без да мора веќе постоечките да се модифицираат.

***

Секој од овие објекти има повеќе различни методи кои што означуваат различни етапи во животниот циклус на секој од овие објекти. Овој начин на програмирање се вика Template Pattern.

• Constructor – најчесто ги иницијализира променливите
• Init – ја иницијализира почетната логика и додава компоненти во сцената
• Paint – го претставува циклусот на играта
• Destroy – најчесто ги делоцира искористените ресурси

Класите што се грижат за серијализација се исклучок од овие правила.

About

No description, website, or topics provided.

Resources

Stars

Watchers

Forks

Releases

No releases published

Packages

No packages published

Languages